Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека „сојузот на авторитарни сили“, во кој, според него, се Русија, Иран, Кина и Северна Кореја, сè поблиску соработува против западните демократии.
Тој оцени дека соработката на „алијансата“ се повеќе се усогласува, наведувајќи го како пример фактот што Русија им дала технологија на Иран и Северна Кореја во замена за муниција и воена опрема.
„Кина ја поддржува руската воена економија, снабдувајќи ги клучните делови потребни за одбранбената индустрија, додека Москва пак ја дава својата иднина под хипотека на Пекинг“, рече Столтенберг во интервју за Би-Би-Си.