Столтенберг: Шведска и Финска мораат да ги заострат законите против тероризмот доколку сакаат во Алијансата

Од:

Шведска и Финска треба да ги заострат своите антитерористички закони и да ја зголемат соработката со НАТО, вклучително и со Турција, за борба против тероризмот и терористичките организации како што е Курдската работничка партија (ПКК), изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

-Тоа е важно за Турција, бидејќи Турција е земја членка на НАТО која е најмногу изложена на терористички напади и е загрижена поради тоа. Тоа мора да биде пропорционално, но Турција има право да се брани од терористички напади, рече Столтенберг во интервју за шведскиот јавен сервис SVT.

Како што кажа, нормално е дека за ратификацијата на барањето за пристапување на Шведска и Финска во Алијансата е потребно време.

Столтенберг додаде дека 28 од 30-те земји членки веќе ги ратификувале барањата за влез на двете нордиски земји во НАТО.

-Изненадувачката работа овој пат е што помина толку брзо, забележа Столтенберг.

Финска и Шведска поднесоа барање за влез во НАТО на 18 мај, но Турција веднаш ги блокираше нивните кандидатури, барајќи од двете земји да ги прогласат курдските организации за терористички групи, да екстрадираат лица обвинети за тероризам или соучесништво во неуспешниот обид за државен удар во земјата во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Шефот на НАТО: Украинскиот упад во руската област Курск е легитимен

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски