Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг смета дека конвенција на ОН не може да го спаси светот од нуклеарно оружје. Тој вели дека таквиот процес бара период на болно разоружување, нешто што таков меѓународен договор не може да гарантира.
Столтенберги истакна дека НАТО ја поддржува идејата за свет без нуклеарно оружје.
Ваквата изјава Столтенберг ја даде на конференција за безбедносни прашања во Шведска. Таа земја не е членка на нато, но има зајакната соработка со Алијансата.
Генералниот серетар истакна дека таа соработке може да се намали доколку владата во Стокхолм ја потпише Конвенцијата за целосна забрана на нуклеарното оружје.