Столтенберг: НАТО сака Украина да стекне способност да ја задржи Русија

Од:

НАТО не ги сака договорите од Минск-3, туку сака Украина да стекне способност да ја задржи Русија. За да се постигне мирно решение на украинскиот конфликт на преговарачка маса, треба да се достави повеќе оружје во Киев, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на прес-конференција пред самитот на организацијата во Вашингтон.

„НАТО не ги сака договорите од Минск-3. НАТО сака крај на руската агресија за да можат Украинците да ја ограничат Москва“, рече тој.

Столтенберг посочи дека ситуацијата на преговарачката маса е тесно поврзана со ситуацијата на бојното поле. Затоа, според неговите зборови, доколку Северноатлантската алијанса сака праведно решение да се постигне во текот на преговорите, треба да му обезбеди уште поголема воена поддршка на Киев.

Тој потврди и дека главна тема на самитот на НАТО во Вашингтон, кој ќе се одржи од 09-11. Јули да биде поддршка за Украина, поточно испораката на оружје и обуката на украинските војници.

„Украина мора да победи и ѝ треба нашата стабилна помош“, истакна Столтенберг.

Тој, исто така, најави дека НАТО ќе преземе водечка улога во координирањето на најголемиот дел од меѓународната поддршка, нагласувајќи дека „со тоа Алијансата нема да стане дел од конфликтот, но ќе ја зајакне самоодбраната на Украина“.

Столтенберг очекува дека членките на НАТО ќе се согласат да одвојуваат најмалку 40 милијарди евра годишно за воена поддршка на Киев на самитот.

Притоа, тој најави дека земјите од НАТО на самитот ќе донесат одлука за зајакнување на колективната одбрана и безбедност, вклучително и натамошно унапредување на противракетната одбрана.

Столтенберг, исто така, рече дека се надева дека Украина ќе стане „сојузник“ на Алијансата до 2034 година.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО: Украинскиот упад во руската област Курск е легитимен

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина треба да се соочи со последици за поддршката на Русија

Столтенберг: Порешителни акции против руските шпиони во земјите на НАТО

Столтенберг: Кина мора да престане да ја поддржува Русија ако сака добри односи со Западот

Столтенберг: Нарушена довербата на Украина во НАТО поради доцнењето на помошта