Столтенберг: НАТО напролет ќе го оценува напредокот на државите кои сакаат да станат членки

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг соопшти дека министрите за надворешни работи од Алијансата напролет ќе го оценат напредокот на државите кои што сакаат да станат членки.

Тој рече дека на дводневната средба на НАТО била разгледана и политиката за проширување на Алијансата и според него таа политика е историски успех бидејќи донела мир во Европа.

– Проширувањето е одлука на државите од НАТО и државите кои сакаат да влезат во НАТО и никој друг нема право на вето, нагласи Столтенберг и кажа дека нестабилноста вон НАТО е закана за државите од Алијансата.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО