Столтенберг: Кина треба да се соочи со последици за поддршката на Русија

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Кина треба да се соочи со последици за нејзината поддршка за Русија во војната против Украина, велејќи дека е премногу рано да се каже какви мерки ќе преземе.

Столтенберг во средата во Отава рече дека НАТО треба да започне да ја оценува таа опција бидејќи, како што рече, не е одржливо Кина да продолжи да ги поттикнува најголемите безбедносни закани за членките на алијансата, особено во Европа, пренесе Би-Би-Си.

Столтенберг истакна дека постои зголемена загриженост за зголемената соработка меѓу авторитарните држави.

Посетата на Столтенберг на Канада дојде на истиот ден кога рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун потпишаа договор во Пјонгјанг со кој ветуваат заемна помош во случај која било земја да се соочи со „агресија“.

Иако сè уште не се познати деталите од договорот, и Русија и Северна Кореја се соочуваат со конфликти со западните земји.

„Очекуваме дека сите земји членки на НАТО ќе го исполнат ветувањето дека ќе инвестираат во одбраната и дека сите ќе ја достигнат планираната распределба од два отсто од БДП“, рече Столтенберг.

Тој посочи дека 23 од 32 земји членки на НАТО годинава ќе го достигнат нивото од два отсто од БДП издвоен за одбрана.

Канада е во последната третина од членките на Алијансата кога станува збор за буџетот за одбрана, а се очекува оваа година да потроши 1,37 отсто од БДП за одбрана.

Столтенберг се сретна со канадскиот премиер Џастин Трудо во Отава пред самитот на НАТО следниот месец во Вашингтон и доби награда за долгогодишната служба како генерален секретар на алијансата, од која ќе се пензионира во октомври.

Се очекува Столтенберг да биде заменет од холандскиот премиер во заминување Марк Руте, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Шефот на НАТО: Украинскиот упад во руската област Курск е легитимен

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски