Столтенберг: Кина мора да престане да ја поддржува Русија ако сака добри односи со Западот

Од:

Кина мора да престане да ја поддржува Русија и нејзината војна во Украина ако сака да има добри односи со Западот, предупреди Јенс Столтенберт, генерален секретар на НАТО.

Како што пренесува порталот „Укринформ“, Столтенберг тврди дека Кина на Русија и дава електроника и технологија за производство на ракети, беспилотни летала и други видови оружје.

Генералниот секретар на НАТО зборуваше во Брисел во врска со дискусијата за иднината на алијансата на Самитот на младите:

„Војната во Украина покажа дека безбедноста не е регионално прашање, туку глобално прашање. Главната земја што и помага на Русија да ја продолжи својата агресија и војна против Украина во Европа е Кина. Тие се убедливо најголемиот трговски партнер на Русија. Кина и дава на Русија со клучни компоненти за нејзиното оружје, микроелектрониката и напредната технологија што и овозможува на Русија да произведува ракети, беспилотни летала и разни други оружја, што е клучно во војната против Украина“, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

Столтенберг: Ќе биде потребен дијалог со Русија за да се стави крај на војната во Украина

Шефот на НАТО: Украинскиот упад во руската област Курск е легитимен

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски