Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја започна тридневната посета на САД. Тој првпат ќе ја посети земјата, откако стапи на власт администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Утре, Столтенберг ќе се состане со американскиот министер за одбрана Џејмс Матис.
Тој во среда ќе учествува на заседание на министрите за надворешни работи на земјите од меѓународната коалиција што војува против Исламската држава, стои во соопштението на НАТО.