Сто и седум жртви на грипот во Русија

Од:

Повеќе од 100 луѓе ги загубија животите во Русија оваа сезона од грип. Најголем дел од нив биле заразени со вирусот H1N1, односно свински грип, соопшти министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова.

– Досега се регистрирани 107 починати лица од грип, меѓу кои три бремени жени и осум деца – изјави таа.

Според неа, никој од жртвите не бил вакциниран и оти доцна се обратиле на лекар.

Скворцова вели дека оваа и следната недела се најкритични и оти потоа епидемијата ќе почне да опаѓа. Меѓу заболените најмногу има со свински грип – околу 90 отсто.

Во Москва поради влошената епидемиолошка ситуација продолжена е работата на амбулантите.

Голем број луѓе низ главниот град се движат со маски на лицето, а официјални лица советуваат избегнување јавни места, јавен превоз.

Московското метро соопшти дека секојдневно на секои четири часа се дезинфицираат возовите.

Во повеќе региони од Русија затворени се училиштата. Во Москва и Санкт Петербург објавен е дополнителен распуст до 1 февруари за ученици од основните училишта. Во Русија се затворени повеќе од илјади училишта, наведуваат руски медиуми.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени