Сто години на скулптурата Малата сирена

Од:

Славната скулптура Малата сирена во пристаништето на данската престолнина Копенхаген, во петокот го прослави стотиот роденден што градските власти ќе го одбележат со низа културни настани.

-Малата сирена е мала во споредба со другите славни историски споменици низ светот, но во неа се опфатени и историјата и бајката, што предизвикува внимание далеку надвор од границите на Данска“, вели директорот на копенхашкото туристичко биро, Ларс Берхнхард Јоргенсен.

-Таа и натаму испраќа порака, симболизира нешто универзално, желбата за слобода и патувања. Ханс Кристијан Андерсен, кој рекол дека „да се патува значи да се живее’, бил веројатно првиот дански глобалист, ја разбирал важноста на допирањата во светот и учењата од тоа. Нешто што денес ни е потребно повеќе од кога и да е – додава Јоргенсен.

Скулптурата изработена од бронза и гранит е инспирирана од бајката на Андерсен за сирената која поради љубовта се откажува од животот во морето за да може да биде со младиот убав принц на копното.

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари