Би Би Си – Лондон
Три експлозии во три различни делови на Стокхолм, во една октомвриска вечер ги оставија жителите шокирани. И претходно се случувале експлозии во предградијата, но никогаш толку блиску до куќните прагови како сега.
Шведската полиција се соочува со огромен број на напади, а цел се локации во центарот на градот. Специјалната единицата излезе на терен по 97 експлозии во првите девет месеци од оваа година.
„Пораснав овде и чувството е како некој да ви го нарушува опкружувањето“, изјави за Би Би Си 22-годишниот Џоел.
Влезната врата од неговата зграда која се наоѓа во округот на Седермалм во центарот на Стокхолм, била разнесена, а стаклата од прозорците биле распрснати по улиците.
Кој е виновен?
Овој тип на криминал не ни постоел во полициските извештаи до 2017 година, а веќе следната година се случија 162 експлозии. Само во последните два месеци бомбашката единица и излезе на терен за да интервенира 30 пати,
„Експлозивна пиротехника, импровизирани експлозиви и рачни бомби стојат позади повеќето од експлозиите“, соопшти Линда Страф, шефица на разузнавање при шведскиот оддел за национални операции.
Нападите вообичаено се изведени од страна на криминални групи за да ги заплашат ривалските банди или пак нивните пријатели или семејства.
„Се работи за сериозна ситуација, но повеќемина од луѓето немаат причина за грижа бидејќи нема да влијае врз нив“, изјави Страф.
Специјални полициски екипи се испратени во САД, Германија и Холандија со цел соработка со тамошните експерти за криминални банди, како и со шведските воени експерти кои имаат искуство со експлозиви во Африка и Авганистан.
„Ова е новост во Шведска, и собираме знаење по целиот свет“ изјави Матс Лафинг, директорот на оперативниот оддел во националната полиција.
Криминологот Амир Ростами смета дека единствена релевантна споредба е со ситуацијата во Мексико, држава позната по насилните банди и војните на криминалните групи.
„Тоа е прилично уникатна појава во земјите кои не се во војна или немаат долга историја на тероризам“, вели тој.
Каде се случуваат експлозиите?
Повеќето од нападите се случија во сиромашни предградија на големите градови Стокхолм, Гетеборг и Малме. Во Малме, на почетокот на ноември за нешто повеќе од 24 часа се случија три експлозии.
Меѓутоа, во последно време на удар се подобро ситуираните места. Една експлозија во Бром- станбен кварт во северен Стокхолм, уништи влез во станбен блок, искрши прозорци и оштети автомобили.
Дваесетгодишен случаен минувач заврши во болница откако бомба експлодираше во продавница во традиционално универзитетскиот град Лунд, а 25 лица се повредени кога цел на нападот беше станбен блок во централниот град Линчепинг.
Сидермалм е некогашен кварт на работничката класа во Стокхолм. Овој кварт многу се смени во последните неколку години. Бутици за стара облека и вегански ресторани се појавија меѓу старинските станбени објекти со боја на сенф и теракот. Нападнатата зграда се наоѓа спроти парк и близу до училиште.
„Веднаш по настанот, полицијата ја затвори улицата додека пешачев заедно со моите две деца до нивната градинка. Навистина се исплашивме. Доколку експлозијата била со цел, морам искрено да кажам дека тоа ме смирува бидејќи тоа значи дека не била насочена кон јавноста“, изјави Малин Бредшо, која живее во близина.
Кои се членовите на криминалните банди?
Полицијата извести дека криминалците вплеткани во експлозијата се членови на истите банди за кои се верува дека стојат зад пукањата и зад трговијата со дрога. Во 2018, во Шведска се случија 45 пукања со смртни случаи, а во 2011 година имаше само 17. Не е сосема јасно која е причината за користење на експлозиви при пресметки.
Шведската полиција не ги одбележува, ниту пак ја објавува етничката припадност на осомничените или осудените престапници, но шефот за разузнавање Линда Штраф вели дека скоро сите имаат сличен профил: „Израснати во Шведска, потекнуваат од ранливи социо-економски групи и подрачја, а и многумина од нив се втора или трета генерација на имигранти.“
Идеолошката дебата за имиграцијата се распламна откако Шведска прифати најголем број на азиланти во однос на бројот на население во Европската унија во текот на мигрантската криза во 2015 година. Но, Штраф изјави дека не е точен фактот дека вообичаено имигрантите се вклучени во бандите. За многумина од политичката десница, експлозиите ги разгореа аргументите дека Шведска во последните две децении тешко се носи со интеграцијата на имигрантите.
„Во иднина ситуацијата можеби ќе стане уште по проблематична. Во однос на тоа што живеат во исти подрачја и размислуваат на исти начин, тие многу лесно се поврзуваат меѓусебно. Не чувствуваат дека би требало да станат дел од Шведска и остануваат во своите изолирани заедници препуштајќи се на криминалот“ изјави Мира Аксој, која себе си се претставува како национално конзервативна новинарка.
Ваквото размислување зема замав во последниве години, па националните шведски демократи на парламентарните избори во 2018 година добија дури 18 отсто од гласовите.
Но, Малин Бредшо верува дека стапките на криминалот се поврзани со приходите и социјалниот статис: „Ако сте против имиграција, лесно е да ги поврзувате имигрантите со сешто, но овој проблем е поголем од тоа.“
Амир Ростами вели дека етничката припадност ретко има важна улога во припадноста на клановите во Шведска: „Кога разговарам со членовите на бандата, сфаќам дека бандата е сега нивен дом, нивен идентитет.“
Дали шведските медиумите се обидоа да го забошотат овој проблем?
Уште еден важен аспект од оваа приказна е начинот на кој таа се претставува во шведските медиуми. Откако се случија трите експлозии во Стокхолм изминатиот месец, националната радиотелевизија СВТ заедно со левицата е обвинета за криење и минимизирање на настаните, како и изоставување на истите од ударните вечерни вести.
„Сметам дека не завршија добра работа. Имам чувство како да се обидуваат да ги минимизираат овие вести“ твдри Мира Аксој.
Кристијан Кристенсен, професор по новинарство на стохкломскиот универзитет, изјави дека е изненаден што некои програми не им посветија доволно внимание на експлозиите, но смета дека покриеноста на овие настани во дневните вести и локалните програми е прилично обемна.
Една неодамнешна студија на компанија за испитување на јавното мислење Кантар Сифо откри дека законот и редот се најзастапените теми во вестите на шведската телевизија и радио, како и на социјалните мрежи.
Што преземаат властите?
Од полицијата велат дека се обидуваат да ги пронајдат сторителите, но само еден од десет случаи за 2018 година заврши со судска одлука.
Шефот на Националната операција е ветена поголема соработка со безбедносните служби.
Министерот за внатрешни работи најави проширување на надлежноста за пребарување на домовите на осомничените и поголеми напори да се разбие културата на молчење околу криминалните банди.
Но, во Содермалме, жителот Андерс Харденстам вели дека треба да се посвети поголемо внимание на интеграцијата.
„Не се плашам од местото каде што живеам. Многу повеќе сум загрижен за развојот на Шведска на национално ниво “, вели тој.