Стивен Кинг: Не можете да го гледате „Чернобил“, а да не помислите на Доналд Трамп

Од:

Американскиот писател Стивен Кинг соопшти дека не можел, а да не помисли на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако ја изгледал мини- серијата „Чернобил“.

Серијата има пет епизоди и до вчера се прикажуваше на каналот „Ејч-Би-Оу“.

-Не можете да го гледате Чернобил, а да не помислите на Доналд Трамп. Исто како и оние задолжени за фаталниот руски реактор, така и тој е човек со просечна интелигенција задолжен за голема сила – економска и глобална, која не ја разбира, напиша Кинг на Твитер.

Инаку американскиот пистел е голем критичар на политиката на Трамп и не еднаш се искажа против изградбата на ѕид на границата со Мексико.

На забелешката на Кинг одговори Крег Мејзин, извршен продуцент и сценарист на мини-серијата „Чернобил“.

-Како прво, задоволен сум што гледате. Второ, задоволен сум што гледате паметно. Не дека некогаш сум имал сомнение, напиша сценаристот.

На запад критиките за серијата се позитивни, додека во Русија – поделени. Весникот „Комсомолскаја правда“ изрази сомеж дека соперниците на државната атомоска агенција „Росатом“ ја користат серијата да ја омаловажат сликата за Русија како атомска сила. „Аргументи и факти“ пак го критикуваше филмот како „карикатура а не вистина“.

-Уште фалеше да прикажат мечки и армоники, напиша гласилото.

Весникот „Москоу Тајмс“ пак напиша дека „фактот што американски, а не руски ТВ канал ја раскажа приказната за нашите херои е извор за срам на провладините медиуми“ во Русија.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски