Стејт департмент: САД „не гледаат акти на геноцид“ во Газа

Од:

САД не забележале дејствија што би претставувале геноцид во Газа, објави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во врска со барањето на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата (МСП) да ги прогласи акциите на Израел во Појасот Газа за геноцид.

„Овие не се обвинувања што треба да се изнесуваат лесно. Не гледаме никакви дејствија што претставуваат геноцид“, рече Милер.

Портпаролот на Стејт департментот исто така рече дека не е во позиција да процени дали во палестинската енклава биле извршени воени злосторства или злосторства против човештвото, пренесува Ројтерс.

Во поднесокот на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата се наведува дека Израел ја прекршил Конвенцијата за геноцид од 1948 година, која беше составена по Холокаустот, а се однесува на обидот да се уништи еден народ целосно или делумно.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија