Стефан Ловен доби дополнително време за формирање влада на Шведска

Од:

Актуелниот шведски премиер и лидер на Социјалдемократската работничка партија (САД), Стефан Ловен денеска доби два дополнителни дена време за консултации за формирање нова влада на Шведска.

Како што јави ДПА, претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен денеска требаше на Ловен да му додели мандат за формирање нова влада, но лидерот на социјалдемократите побра да му биде дадено дополнително време за завршување на консултациите.

Кабиентот на Норлен соопшти дека по добиеното барање на Ловен, доделувањето на мандатот е одложено од денеска за в среда.

Ловен раководи со техничка Влада по изборите одржани во септември, на кои ниту еден од двата блока, левоцентристичкиот предводен од САП и десноцентристичкиот на конзервативната Умерена партија (М), не успеаја да обезбедат мнозинство во Парламентот.

По изборите, Ловен прв доби мандат да формира нова влада, но не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот. По него, неуспешни обиди за формирање влада имаа и претседателот на Умерната партија, Улф Кристершон и лидерката на либералната Партија на центарот (Ц), Ани Лев.

Во сегашната фаза од изборот на владата, за да биде избран, предложениот владин кабиент треба да добие мнозиство од гласовите на пратениците што ќе гласаат, а не апсолутно мнозинство од вкупниот број членови на Парламентот.

Ловен викендов разговараше со лидерите на Партијата на центарот и на партијата Либерали, во обид да ги убеди да не гласаат против владата што тој ќе ја предложи, со што би обезбедил мнозинство за нејзини избор со гласовите на пратениците на неговата САП, на Еколошката партија на зелените (МП) и на Левата партија (В).

Центристите и либералите за поддршката на новата влада на Ловен побарале отстапки во нејзината програма во сферата на правилата за вработување и за намалување на даноците.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица