Статуа на Реган и Папата

Од:

Бронзени статуи на поранешниот американски претседател Роналд Реган и папата Јован Павле Втори беа свечено откриени во Гдањск, местото на раѓање на лидерот на движењето „Солидарност“ – Лех Валент.

120 поранешни припадници на движењето им оддадоа почит на двете историски личности кои помогнаа во падот на комунизмот во Полска пред 23 години.

Валент, основачот на „Солидарност“, кој ја водеше анти-комунистичката борба во Полска, во едно свое интервју изјави дека Реган треба да се почитува и да има негова статуа во секој град.

Статуите чинат 59.000 долари, пари собирани четири години од поранешни политички затвореници членови на „Солидарност“.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците