Стармер: Владата е фокусирана на заштита на британскиот народ

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата лабуристичка влада е фокусирана на заштита на британскиот народ дома и во странство.

Стармер рече дека на земјата ѝ е потребна „сериозност, а не политички игри“ при разгледувањето на тоа како конфликтот во Иран влијае на луѓето во Велика Британија, објави Скај њуз.

– Додека опозициските партии се обидуваат да ја поткопаат Велика Британија на светската сцена, мојата лабуристичка влада е фокусирана на заштита на британскиот народ дома и во странство, рече Стармер.

Поранешниот лабуристички премиер Тони Блер изјави на настан организиран од „Џуиш њуз“ дека верува оти Велика Британија требало да ги поддржи Соединетите Држави од самиот почеток.

„Не велам ништо што веќе не сум ѝ кажал на владата… Мислам дека требаше да ја поддржиме Америка од самиот почеток“, рече Блер.

Трамп претходно го критикуваше Стармер во објава на платформата за социјални медиуми „Трут“ за неговиот одговор на нападот на САД и Израел врз Иран.

„Не ни требаат луѓе да се приклучуваат во војни откако веќе сме победиле“, рече Трамп синоќа.

На почетокот на американско-израелскиот напад врз Иран на 28 февруари, Велика Британија одби да им дозволи на САД да ги користат нејзините бази за напад врз Иран, но подоцна ја поништи таа одлука.

Би можело да ве интересира

Велика Британија: Европа мора да се подготви за одбрана без САД

Стармер: Корпусот на Исламската револуционерна гарда не може да биде забранет

Стармер: Нема да одиме да војуваме со Иран, ова не е наша војна

Стармер свикува итен состанок, војната со Иран ја „тресе“ британската економија

ВИДЕО: Иран испали балистички ракети кон базата Диего Гарсија во Индискиот океан

Катерина Ѓуровски

Трамп: Не ни требаат луѓе кои се приклучуваат во војни откако веќе победивме