Стармер: Мора веднаш да реагираме доколку има мировен договор во Украина

Од:

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во понеделникот дека е важно Британија и нејзините сојузници веднаш да реагираат доколку се постигне мировен договор меѓу Русија и Украина, пренесе Ројтерс.

Неговите коментари, дадени за време на посетата на постројката за нуклеарна подморница, доаѓаат на ден кога воените лидери од десетици земји се состануваат во Велика Британија за да разговараат за планирањето на можните мировни сили во Украина.

„Нашите планови се фокусираат на одржување на безбедноста на небото, морињата и границите на Украина и работа со Украинците“, изјави Стармер за новинарите.

„Работиме брзо затоа што не знаеме дали ќе има договор, секако се надевам дека ќе има, но доколку има договор навистина е важно веднаш да реагираме“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

29 лица загинаа откако се урна руски воен транспортен авион во Крим

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировен процес