Стано: Се очекува од земјите кандидати да се усогласат за санкциите кон Белорусија

Од:

Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано, потврди дека земјите кандидати за членство ќе треба да се усогласат со позицијата на ЕУ за санкции против Белорусија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Усогласувањето со надворешната политика на ЕУ е една од обврските на земјите кандидати и тие тоа го знаат, рече Стано на прашање за можни идни санкции против одговорните лица за репресијата во Белорусија.

Европската Унија подготвува листа на таргетирани санкции против оние лица за кои ќе има докази дека се инволвирани или одговорни за насилството врз демонстрантите во Белорусија како и за изборните фалсификати.

Стано потврди дека таргетирани санкции против лица од белорускиот режим е прашање на време.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ