Српскиот патријарх му додели Орден на Орбан: Тој се залага за христијански вредносен систем кој извира од Евангелието

Од:

Српскиот патријарх Порфирије во Будимпешта на премиерот на Унгарија Виктор Орбан му го врачи највисокото одликување на Српската православна црква, Орденот Свети Сава од прв степен.

Како што соопштија од СПЦ, на церемонијата присуствуваа епископите Иринеј од Бачка и Лукијан од Буда, на чиј предлог високата чест му беше доделена на премиерот Орбан.

„Ваша екселенцијо, благодарен сум на Бога и срцето ми се радува што имам можност да ви упатам неколку зборови во врска со одлуката на СПЦ да ве удостои со својата највисока чест, Орденот Свети Сава од прв степен, рече патријархот по тој повод.

Тој посочи дека денес се наметнува систем на нови вредносни системи, не ретко и агресивно, со цел да се урне секој постоечки природен и цивилизациски поредок, да се воспостави нова парадигма, да се „уништат идентитетските основи и столбови на поединците и заедниците, па дека сè станува релативно, кревко и течно.

„Вие, од друга страна, се залагате за христијанскиот вредносен систем кој извира од Евангелието, кое Бог го воспостави. Тоа се вредностите што ги создадоа и унгарскиот и српскиот народ, вредностите што ја создадоа Европа каква што ја знаевме до вчера“, рече Порфирије за Орбан.

Тој додаде дека благодарение на напорите на Орбан и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, односите меѓу двата народа, Унгарците и Србите, веројатно се најдобри во последните неколку века.

Би можело да ве интересира

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

Орбан тврди дека ќе бидат потребни најмалку 100 години за да се исправи историската грешка кон Русија

Орбан: АфД е иднината на Германија

Горан Наумовски

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Путин, за разлика од Брисел, секогаш ги одржувал своите ветувања

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија