Американскиот претседтаел Доланд Трамп се сретна за првпат со новиот јужнокорејски претседател Мун Џае-ин, јави Јонхап.
Двајцата разговарале синоќа во Белата куќа, но официјалниот дел од средбата е денеска.
Трамп и Мун синоќа разговарале за проблемот со Северна Кореја со посебен акцент на зацврстувањето на воениот сојуз меѓу Вашингтон и Сеул како и економски прашања. Прес-секретарот на јужнокорејскиот претседател го оквалификува вчерашниот разговор како отворен и сериозен.