Австрискиот министер за одбрана Марио Кунашек денеска најави дека за еден месец во Грац ќе се одржи средба на министрите за одбрана на Европската унија со министрите од балканските земји. Изјавата Кунашек ја даде по денешната неформална средба на министрите на ЕУ во Виена.
Според Кунашек, се бара начин да се формира посебен стратегиски формат кој би овозможил дијалог со министрите за одбрана на балканските земји кои се уште не се членки ан ЕУ.
На денешната средба во Виена, европската дипломатка Федерика Могерини оцени дека дијалогот за балканските земји бил корисен, и дека овој регион се сметал за нестабилен во минатото, а сега се дискутира за засилување на соработката со Балканот.