Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија

Од:

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Националната полиција на Шпанија потврдила до Министерството за внатрешни работи на Србија дека во шпанскиот град Естепона е убиен српски државјанин.

– Од Националната полиција на Шпанија ни потврдија дека на 12 август во градот Естепона бил убиен српскиот државјанин С. М.(1988) од Белград. Убиството било извршено со огнено оружје, а на лице место починал С.М. Лицето имало лажен идентитет на белгиски државјанин. Според информациите од шпанската полиција, засега нема врска меѓу овој настан и трговијата со дрога и организираниот криминал. По него е распишана меѓународна потерница од Интерпол Белград, бидејќи бил член на организирана криминална група која се занимавала со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, заради непосредна финансиска корист. Лицето имало задача да натовари кокаин на бродот, како и да ја надгледува дрогата, нејзино отстранување од европските пристаништа и понатамошна дистрибуција, а сето тоа било снимено во комуникацијата преку апликацијата „SkyEcc“ – изјави Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски