Спречени украински напади кај Севастопол на Крим

Од:

Властите на Крим, кој беше анектиран од Москва во 2014 година, денеска соопштија дека спречиле украински напади врз Севастопол и областа околу тоа големо пристаниште што го користела руската флота.

Според гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, украинските сили го гаѓале градот со ракети, а беспилотните летала биле насочени кон двата соседни града Качу и Верхнесадовоје.

Сите цели се соборени во воздух со противвоздушна одбрана, напиша Развозаев на Телеграм.

„Во градот се е мирно. Сега се разјаснуваат информациите за можни штети предизвикани од паднати парчиња соборени ракети или евентуални жртви“, рече тој.

Падот на беспилотните летала предизвика мал пожар на две места во близина на Севастопол, но нема жртви, додаде гувернерот.

Од украинска страна, Адриј Јусов, портпарол на Министерството за одбрана, изјави дека украинските сили продолжуваат да гаѓаат „воени цели на окупаторот“ на Крим.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк