Спречен илегален стриминг сервис за два милиона корисници

Од:

Шпанската полиција разби голема криминална мрежа која незаконски заработила 15 милиони евра од илегална дистрибуција на аудио-визуелни содржини за два милиона корисници во Европа, Азија и Блискиот исток.

Во акцијата, спроведена на 3 јуни, полицијата ширум ЕУ пребара 15 куќи, уапси 11 лица, вклучувајќи го и водачот на групата, и сослуша уште 16 лица за можна вмешаност во нелегалната шема.

Заплената е во вредност од 4,8 милиони евра и вклучува имот вреден повеќе од два милиона евра, четири автомобили, луксузни часовници, готовина, крипто-валути и електронска опрема.

Беа затворени 50 ИП адреси и дел од онлајн криминалната инфраструктура, а замрзнати се и 11 банкарски сметки во висина од 1,1 милион евра, соопшти Европол.

Истрагата беше покрената минатата година, а нелегалната дистрибуција е извршена преку ИПТВ од Шпанија. Криминалната мрежа емитувала нелегално повеќе од 40 ТВ канали, филмови, документарни емисии и други дигитални содржини преку веб-страници на меѓународни сервери.

Во истрагата, поддржана од Европол и Евројуст, учествуваа надлежни полициски органи од Белгија, Канада, Чешка, Данска, Франција, Италија, Германија, Луксембург, Холандија, Полска, Романија, Шведска, Велика Британија и Соединетите Американски Држави.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени