Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) го спречила убиството на гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов.
Таа служба тврди, како што пренесуваат руските медиуми, дека обидот за убиство на соработникот на Путин бил организиран од украинските специјални служби.
Приведен е руски државјанин, кој работел по наредба на Украинската служба за безбедност (СБУ) и кој во Украина бил обучен за ракување со мини и експлозивни направи, пренесува „РИА Новости“.
СБ наведува дека „агент на странска разузнавачка служба“ дошол на територијата на Крим во јуни и почнал да се подготвува за терористички напад, кој планирал да го изврши со кревање во воздух автомобилот на Сергеј Аксјонов.
Тој, сепак, не успеал да ја заврши „злосторничката намера“, туку бил приведен додека ја земал бомбата од скривалиштето, се посочува во соопштението.