Според Захарова ова не било почеток, туку крај на војната

Од:

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, за руската државна телевизија изјави дека нападот на Украина утринава „не е почеток, туку крај на војната“.

– Прво, ова не е почеток на војната. Тоа е многу важно, рече Захарова. – Се обидуваме да го спречиме развојот на настани кои би можеле да ескалираат во светска војна. И второ, ова е крајот на војната, додаде таа.

Би-Би-Си објави дека руските медиуми ја „покриваат“ инвазијата од друга перспектива. Поголемиот дел од медиумите во Русија се контролирани од државата – што на некој начин објаснува зошто телевизиските канали во земјата ја прикажуваат инвазијата како чин на самоодбрана, чија цел е исклучиво да ја исфрли војската на Украина.

Многу канали цитираа изјава на Министерството за одбрана во која се нагласува дека се користи „високопрецизно оружје“ против локациите на украинската војска, без закана за цивилите.

Официјалната државна телевизија „Россија 1“ го започна информативниот билтен велејќи: „Денеска Русија започна специјална воена операција чија цел е да ги заштити луѓето кои во последните осум години беа изложени на злоупотреба и геноцид од режимот во Киев“.

Во меѓувреме, неколку портали за вести објавија куси интервјуа во регионите под контрола на бунтовниците во источна Украина со очигледно радосни локални жители. Официјалниот државен информативен канал Росија 24 прикажа две лица во Доњецк како разговараат со новинар. „Тоа е прекрасно. Нема други зборови да се опише”, рече еден човек. „Навистина сум среќна. На ова чекавме осум години“, изјави една жена

Во обид да се запрат обидите за дезинформирање и руската пропаганда, западни лидери повикуваат да се користат само кредибилни извори на информирање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот