Според Оланд, Макрон „не успеал да изгради политичка сила зад себе“

Од:

Поканет на Си-Ен-Ен едвај една недела по вториот круг од претседателските избори, Франсоа Оланд го поздрави реизборот на Емануел Макрон, кого го смета за „интелигентен“ и способен да носи „храбри одлуки“мјави дописникот на МИА.

Поранешниот шеф на државата сепак го критикуваше својот поранешен министер за економија дека „не успеал да изгради политичка сила зад него“. Што, според него, „значи дека ситуацијата во Франција е многу покревка“ од она што може да сугерира широкиот реизбор на претседателот во заминување.

„Десниот центар, оној на Шарл де Гол и Жак Ширак, и левиот на Франсоа Митеран, Лионел Жоспен и јас, се разбиени. Што значи дека екстремите се единствените алтернативи на Емануел Макрон“. Така, продолжи Франсоа Оланд, ако неговиот поранешен министер за економија беше реизбран во толку голема мера, тоа е пред сè поради тоа што се соочуваше со кандидатот на Националниот собир, Марин Ле Пен: „Освен ако традиционалните партии не се обноват, ризикот дека екстремната десница ќе дојде на власт е реален“.

Повеќе од еден месец пред парламентарните избори, Франсоа Оланд признава дека Емануел Макрон би можел да добие мнозинство во Националното собрание, но само со апел „десно и лево“. „Тој не успеа да го потврди својот авторитет над која било одредена партија“, вели тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски