Според американските власти, Пригожин бил убиен од бомба во авионот

Од:

Американските власти веруваат дека авионот во кој се наоѓал Евгениј Пригожин бил намерно соборен, но додаваат дека се чини дека не бил соборен со проектил земја-воздух. Прелиминарните проценки на американската влада, за кои официјални лица нагласија дека се нецелосни, сугерираат дека бомба експлодирала во авионот или некоја друга форма на саботажа ја предизвикала несреќата северозападно од Москва.

Руската влада потврди дека ги истражува причините за несреќата, но не понуди објаснување. Каналите на социјалните мрежи блиски до Вагнер тврдат дека леталото било соборено од руска противвоздушна ракета. Инаку, приврзаниците на Вагнер денеска се собраа пред импровизираниот споменик за да му оддадат почит на човекот кој крена краткотрајно востание против Москва, пишува Волстрит журнал.

Во Санкт Петербург, родниот град на Пригожин, луѓето дојдоа да положат цвеќе, свеќи и воени ознаки со логото на Вагнер пред зградата која некогаш служела како седиште на приватна воена компанија.

Има малку официјални информации за несреќата и нејзините причини. Властите објавија дека сите 10 лица во авионот загинале, а рускиот Истражен комитет отвори кривична истрага за наводно прекршување на правилата за безбедност на воздушниот сообраќај.

Руските државни медиуми пишуваат дека од местото на настанот биле извлечени 10 тела, а денеска објавија снимки од инспекторите кои работат на местото на настанот. Полицијата го опколила влезот во селото во областа Твер каде се урнал авионот. Локалните медиуми објавија дека телата на жртвите биле натоварени во автомобили на погребално претпријатие.

Државната новинска агенција РИА ги цитираше локалните жители кои велат дека слушнале експлозија пред да го видат авионот кој се урнал на земја. Агенцијата соопшти дека дел од авионот паднал на најмалку три километри од главната локација на несреќата.

„Сите сме емотивни во моментов, но мораме да се држиме заедно. Не правете ништо глупаво“, нагласи Греј зона, канал близок до Вагнер.

Иако Кремљ претходно ги елиминираше неговите ривали, Пригожин беше првиот лојалист осомничен дека бил убиен од Путин поради наводни незаконски постапки.

Неговата смрт е проблематична бидејќи тој беше херој на милиони незадоволни ветерани и обични Руси поради неговата воена историја и неговата остра осуда на наводната мрзеливост и корупција во војската. Ерик Грин, поранешен советник за Русија во Советот за национална безбедност на претседателот Бајден, верува дека во Кремљ постои загриженост за „како борците на Вагнер и нивните симпатизери ќе ја сфатат веста“ за смртта на Пригожин“.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски