Список на годинешните добитници на Нобелова награда

Од:

Со објавување на добитникот на Нобеловата награда за економија заврши сезоната за доделување на оваа престижна награда, која свечено ќе биде врачена на 10-ти декември во Осло и Стокхолм.

Ова е списокот на добитниците

Нобеловата награда за мир им припадна на 17-годишната Пакистанка, Малала Јусафзаи и Каилаш Сатиарти од Индија, поради нивната борба против репресија над деца и млади и правото за образование на сите деца.

Наградата за книжевност ја доби Патрик Модиано од Франција чии романи зборуваат за нацистичка окупација и последиците од тој период.

spisok-nobelova1

Добитник на наградата за економија е Жан Тирол, исто така од Франција.

Нобеловата награда за медицина ја добија американско-британскиот научник Џон О’Киф и норвешкиот брачен пар Меј Брит и Едвард Мосер, за откривање на клетки на системот за просторна ориентација во мозокот, кои овозможуваат движење.

Годинава добитници на престижната награда за хемија се американските научници Ерик Бециг и Вилијам Мемер и Германецот Штефан Хел за развојот на флуоресцентната микроскопија или наноскопија.

Нобеловата награда за физика им припадна на јапонските научици Исаму Акасаки, Хироши Амано и Суџи Накамура поради достигнувања во технологијата за осветлување и пронаоѓање на таканаречените ЛЕД светилки.

-Научниците се наградени поради пронаоѓање на нов енергетски ефикасен и еколошки извор на светлина- се наведува во соопштението.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска