Спикерот на Парламентот Индонезија под истрага поради нелегално учество во кампањата на Доналд Трамп

Од:

Спикерот на индонезискиот Парламент Сетја Нованто и неговиот заменик Фадли Зон од денеска се предмет на истрага на  Советот на честа на претставничкиот дом во Џакарта, поради нивно непријавено и нелегално учество во кампањата на претседателскиот претендент Доналд Трамп во САД.

Двајцата шефови на индонезискиот Парламент на 3 септември биле учесници на митинг на Трамп, а тоа не го дозволува Правилникот на Парламентот на оваа 26 милионска држава. Во Правилникот се прецизира дека пратениците и политичарите на функција не смеат со свои изјави, а ште помалку со лично присуство, да подржуваат политичка страна во други држави, бидејки тоа е во спротивност со основите на индонежанската надворешна политика која се базира на принципите на неврзувањето.

Ако Советот на честа утврди дека спикерот и неговиот заменик го прекршиле Правилникот, тие најверојатно ќе бидат сменети од функциите. Обвинетите учествувале на светската конференција на шефовите на парламенти од светот во Њујорк, а нивното учество на предизборен митинг како кршење на индонежанските закони го пријавиле повеќе пратеници во индонежанскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија