Специјалните сили на Рамзан Кадиров од денес се под „капа“ на руското Министерство за одбрана

Од:

Руското Министерство за одбрана потпиша договор со чеченска паравоена група која одигра важна улога во борбите во Украина. Специјалните сили Ахмат се опишани како приватна војска на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Кадиров јавно ја поддржува војната на Владимир Путин во Украина.

Министерството им нареди на сите таканаречени „волонтерски“ единици да склучат вакви договори, за да ги стави под своја контрола. Аналитичарите сметаат дека тоа е обид да се ограничи моќта на основачот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин.

Пригожин имаше голема улога и во војната во Украина, но во последно време жестоко го критикуваше рускиот воен естаблишмент. Тој вчера изјави дека неговите борци нема да потпишат таков договор, додавајќи дека поефективно се борат сами.

Би можело да ве интересира

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Крајот на војната е поблиску отколку што некој мисли вели Зеленски

Зеленски ги објави деталите за неговиот „план за победа“

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Шредер: „Русија е непобедлива“

Русите напредувале 4 километри кај Угљедар, припадниците на ВСУ побегнале од позициите

Предраг Петровиќ