Специјалниот обвинител Џек Смит планира да се повлече пред Трамп да ја преземе функцијата

Од:

Американскиот специјален обвинител Џек Смит, кој водеше две истраги против новоизбраниот претседател Доналд Трамп, планира да се повлече заедно со неговиот тим пред Трамп официјално да ја преземе функцијата претседател, објави Њујорк Тајмс.

Смит постапувал со случаи поврзани со доверливи документи што ги чувал Трамп откако тој ја напуштил Белата куќа, како и неговите напори да влијае на резултатите од претседателските избори во 2020 година, пренесува Ројтерс.

Трамп ги негираше обвинувањата и во двата случаи и рече дека ќе го отпушти Смит штом стане претседател.

Министерството за правда не ги коментираше горенаведените тврдења.

Би можело да ве интересира

На Волстрит спласна еуфоријата од успехот на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Републиканците го освоија Конгресот, за политиките на Трамп нема никакви пречки

Фукујама: Ова е крајот на либералната демократија

Трамп го назначи Рубио за државен секретар

Џил Бајден испрати писмо до идната прва Меланија Трамп

Трамп сака Европската Унија да ги сноси сите трошоци за обнова на Украина