Специјална комисија ја истражува несреќата за падот на авионот на Пригожин

Од:

Руската државна авијациска служба Росавијација соопшти дека специјално формирана комисија „почнала истрага за околностите и причините за несреќата на авионот „Ембраер-135“, што се случи на 23 август во областа Твер. Во соопштението за медиумите се наведува дека авионот и припаѓал на компанијата МНТ-Аеро ДОО, која е специјализирана за деловен транспорт.

„Според прелиминарните податоци, во авионот, кој летал на релација Москва-Санкт Петербург, имало седум патници и тројца членови на екипажот. Комисијата на Федералната агенција за воздушен транспорт ги започнува првите операции на местото на несреќата, а исто така почнаа да собираат фактички материјали за обуката на екипажот, техничката состојба на авионот, метеоролошката состојба на летот, работата на диспечерските служби и копнената радио опрема“, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива