Спасувањето на Египет

Од:

Со четирите прста и знакот „Рабиа“ со десната рака, и со пеење на слогани во поддршка на Муслиманското братство, голема маса народ маршираше по авениите на Коња во саботата, на 3 мај, и ги проколнуваше египетските судови дека наводно се претвориле во „фабрика за изрекување смртни пресуди“ на власта која го изврши превратот во таа арапска земја.

Пред масата народ одеа два полициски автомобили. Неколку други одеа по страничната лента и се паркираа на крстосница за да обезбедат ред. Овие грди ТОМА, или „возила за интервенција на јавни настани“, не беа во согласност со призорот. Немаше ниту тензии. Луѓето на тротоарите љубопитно ја гледаа поворката; заради какофонијата која ечеше од разгласите, се обидуваа да разберат што скандираше оваа група луѓе.

Бев во градот со некои ветерани на новинарството, медиумите и професори по комуникации, на предавања насловени „Основен новинарски програм“ на проектот финансиран од ЕУ, Новинарството за слобода, на Асоцијацијата на новинари. Беше 3 мај, Светскиот ден на слободата на печатот на ОН, како што често се нарекува, и наместо да седиме во некоја затворена просторија и да пишуваме изјава за овој ден, решивме да бидеме надвор со младите новинари од Коња. По слушањето на целодневни предавања за етикетирања во медиумите, за слободата на печатот, на социјалните медиуми, за опасностите со кои се соочуваат новинарите и слични теми, одбравме да одиме на кафе и чај во познатото Аладин хил. Но, групата која викаше за спас на Египет од фашистичките „пучисти“, одлучно не не пуштаа да поминеме. Сепак, ова е денот прогласен од Обединетите Нации за Светски ден на слободата на печатот.

Овие луѓе воопшто не беа свесни што всушност се случува во Египет. Немаат поим колку лошо беше владеењето на Муслиманското братство и претседателствувањето за една арапска земја. Тие беа испровоцирани да преземат акција од зборовите на некои локални религиозни лидери, и од „учењата“ на високиот, ќелав и секогаш гладен имам, кој наместо да пролее неколку капки солзи за Турците кои беа тепани од полицијата за време на инцидентите на плоштадот Гези, повеќе сака да лее солзи во одбрана на „победените“ Муслимански братучеди во Египет.

Се разбира, невозможно е да се оправдаат масовните смртни пресуди од „слободните судови“ во Египет. Баш е баксуз што токму овие судови станаа првите жртви на пучистичката администрација, од аспирациите за тоталитаризам или безмилосните диктаторски активности во овој регион и насекаде. Смртната пресуда не е ништо друго освен убиство од страна на државата. Сепак, од време навреме се согласувам дека во случаи со педофили, посебно во случаите со силувања и убиства на мали деца, треба да има исклучок, и дека овие грозни луѓе можеби треба да се соочат со „сабјата“. На пример, во еден скорешен случај во Турција, дали е можно да се оправда правото на живот на ѕвер кој силувал и убил бебе? Сепак, казните мораат да бидат во содејство со природата.

Очигледно никој не може да се сомнева каква доблесна одлука ќе донесат луѓето од законот во Турција. Се разбира, турските судови се независни. Нема ниту еден случај во земјава за кој било кој може да каже дека бил изрежиран. Кажано поинаку, сепак тоа е криминално дело. Но, научивме од премиерот во многуте негови исповеди, пардон говори, дека турската војска била навистина прогонувана заради некои фабрикувани докази.

Кому му е грижа за жртвите од манипулациите со правдата во Турција, или за се поголемата тиранија од апсолутната власт, ајде сега сите да се фрлиме да го спасуваме египетското Муслиманско братство, или некои фанатици таму во Сирија.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро