Спасувачка акција по пожар на ферибот во Шведска

Од:

Во близина на шведскиот брег, се одвива голема спасувачка акција, каде што гори ферибот со 300 луѓе, соопштија шведските поморски власти.

– Има пожар на палубата за транспорт на автомобили, изјави портпаролот на шведската поморска управа, Јонас Францен

Три хеликоптери и седум пловни објекти се испратени на местото на настанот и започната е евакуација на бродот. Засега нема информации за повредени, а причината за пожарот се уште не е позната.

Бродот Stena Scandica се наоѓал во близина на островот Гоцка Сандон во близина на југоисточниот брег на Шведска.

Фериботот сообраќа меѓу Нишамн во Шведска и Вентспилс во Летонија. Фериботот има капацитет од 970 патници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро