Сите шест патници од хеликоптерот што се урна во Атлантскиот Океан кај Норвешка се спасени.
Веста за падот на хеликоптерот ја потврди и норвешката полиција.
Се уште не е позната состојбата на спасените патници.
Норвешкиот јавен сервис НРК јавува дека на местото на инцидентот западно од градот Берген има неколку возила за итна помош.
Директорката на „Бристов Норвешка“, Хајди Волф Бројк изјави дека хеликоптерот и припаѓа на компанијата што ги превезува екипажите до нафтените инсталации во Северното Море.