Спасени четворица од скијачите затрупани од лавина на швајцарските Алпи

Од:

Спасувачките екипи успеаја да спасат четворица од групата скијачи, кои вчера беа затрупани при одрон на лавина во близина на шварцарскиот скијачки центар Кран Монтана.

Како што соопшти денеска полицијата на кантонот Вале, во кој се наоѓа ски-центарот, еден од спасените скијачи е во критична состојба, додека останатите тројца минале со полесни повреди.

Лавината се одронила во секторот на Плен-Морт, зафаќајќи површина во должина од околу 840 метри и во широчина од 100 метри.

Засега нема официјални информации колку лица се заглавени под лавината. Локалните медиуми објавија дека лавината затрупала од 10 до 12 лица, додавајќи дека таа бројка може да биде и поголема.

Во акцијата за потрага по затрупаните скијачи учествуваат над 240 лица и осум хеликоптери.

Според локалните власти, лавината се одронила поради растот на температурата на воздухот во текот на минатата недела, што предизвикало забрзано топење на снегот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ