Претседателот на САД Доналд Трамп даде до знаење дека очекува Русија да го врати Крим на Украина и да го намали насилството во Украина, изјави претставникот на Белата куќа Шон Спајсер.
– Претседателот Трамп многу јасно даде до знаење дека очекува од руската Влада да го намали насилството во Украина и да го врати Крим, истакна Спајсер на редовниот брифинг за новинарите.
– Во истовреме тој целосно очекува и сака одобри односи со Русија, додаде претставникот на Белата куќа.
Спајсер исто така наведе дека, Трамп „зазема неверојатно цврста позиција кон Русија“, јави ТАСС.