Совладан е пожарот на пазарот во Камден Лок

Од:

Лондонската пожарникарска служба соопшти денеска дека пожарот што изби синоќа во зграда на пазарот во Камден Лок е изгаснат, јави ДПА.

Десет противпожарни возила и над 70 пожарникари учествуваа во гасењето на огнот, што ја зафати популарната туристичка дестинација во северниот дел на Лондон.

Првиот, вториот и третиот спрат, како и покривот на зградата беа зафатени од огнената стихија, наведе на Твитер Лондонската пожарникарска служба.

Лондонската полиција посочи дека се уште не се знае дали има загинати лица.

Се спроведува истрага за причините за пожарот.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети