Советот на Европа смета на жените во борбата против дискриминацијата

Од:

Советот на Европа денеска објави план во висина од 20 милиони евра, чија цел е подобрување на интеграцијата на Ромите. За реализација на планот СЕ смета на поголема застапеност на жените од таа заедница,

Планот е за периодот 2016 – 2019 година и предведени се обуки за претприемништво на жените Ромки во Југоисточна Европа и создавање на нови јуридистички услуги во Бугарија, во Грција, во Италија, во Литванија и во Романија, за да се олесни пристапот на ромските жени до праввосудството.

– Важно е да спомнам дека Ромите и понатаму се посебно ранливо население, едно од најдискриминираните во Европа. Тие се посебно ранливи и имаат страв од институциите како полиција и правосудните органи. Понекогаш жените Ромки се изјаснуваат за виновни за да не бидат затворени нивните мажи или синови. Затворскиот персонал ќе биде обучен за да им помогне на Ромите, изјави Микаел Ге од тимот на специјалниот претставник на генералниот секретар на СЕ за ромски прашања.

Планот предвидува и информативна кампања со цел да се ограничи практиката на рани или принудни бракови, семејното насилство, принудното питачење и раното напуштање на училиштето на девојчињата Ромки.

Планот е продолжение на Декларацијата од Стразбур донесена во 2010 година од СЕ и гарантира почитување на правата и достоинството на Ромите во Европа, кои се од 10 до 12 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

СЕ: Војната во Украина, Ковид-19 и климатските промени – главни предизвици за националните малцинства во Европа во 2020-2022 година

Ана Ололовска

Пејчиновиќ- Буриќ: Почитувањето на принципите на демократска безбедност бара политичка волја

Ана Ололовска

Косово официјално аплицираше за членство во Советот на Европа

Ана Ололовска