Советот на Европа незадоволен по објавувањето на препораките на Венецијанската комисија за Полска

Од:

Венецијанската комисија, советодавен орган на Советот на Европа, според работната верзија на нејзиното мислење ја предупредува Варшава наспроти ризиците за правната држава во однос на реформите кои го парализираат Уставниот суд на Полска, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во текстот, кој беше објавен од еден полскиот весник „Газета Виборча“ и без одобрение на Венецијанската комисија ја опишува Полска како земја во „уставна криза“.

Според неофицијалното мислење, „се додека Уставниот суд не може да продолжи со својата работа на ефикасен начин, не само правната држава, туку и демократијата и човековите права се во опасност“.

На објавувањето на текстот веднаш се реагираше и тој предизвика сериозни бранувања во Стразбур и во Полска.

Така што Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд се огласи со посебно соопштение во кое изразува жалење што нацрт мислењето на Венецијанската комисија за измените назаконот кој се однесува на Уставниот суд „беа откриени и покрај нивниот доверлив карактер и дека е отворена дебата за нацрт мислење“.

– Јас ги повикувам сите страни да го сочекаат дефинтивното мислење, кое ќе биде обелоденот на официјалната сесија на Венецијанската комисија и да се воздржат од секоја злоупотреба на овој документ за политички цели, изјави Јагланд.

Венецијанската комисија своето мислење за Полска ќе го објави на пленарната сесија во Венеција на 11 март.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

СЕ: Војната во Украина, Ковид-19 и климатските промени – главни предизвици за националните малцинства во Европа во 2020-2022 година

Ана Ололовска

Пејчиновиќ- Буриќ: Почитувањето на принципите на демократска безбедност бара политичка волја

Ана Ололовска

Косово официјално аплицираше за членство во Советот на Европа

Ана Ололовска