Советот на Европа ја обвини Русија поради тортура врз затвореници во Чеченија

Од:

Комитетот против тортурата (КПТ) на Советот на Европа денеска повторно ја обвини Руската Федерација за наводно малтретирање на осомничени уапсени од страна на полициски сили во Чеченија, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Употребата на тортура и друго малтретирање од страна на припадниците на безбедносните сили во Чеченија останува широко распространета, наведува Комитетот против тортура во најновиот извештај.

Овој извештај се однесува на три инспекциски посети на Паневропската организација во 2009, 2011 и 2017 година во затворите во Чеченската Република.

КПТ ги повикува руските власти да испратат „повик за нулта толеранција за лошото постапување“ од страна на највисокото политичко ниво.

КПТ веќе јавно ја обвини Руската Федерација на оваа тема во 2001, 2003 и 2007 година. -Загрижувачки е што, и покрај напорите на Комитетот во текот на изминатите дваесет години, актите на тортура против затворениците во Чеченската Република остануваат длабоко вкоренет проблем, изрази жалење Марк Кели, потпретседател на КПТ.

Организацијата, исто така, е загрижена дека слични практики беа забележани од страна на делегациите на „повеќе пати и во другите републики од регионот на Северен Кавказ“, како Дагестан и Северна Осетија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа