Советот на Европа изрази загриженост поради Украина и побара смирување на реториката и дијалог

Од:

Советот на Европа (СЕ) денеска изрази голема загриженост поради тензиите околу Украина и заканата од голем судир помеѓу земји-членки на СЕ и побара смирување на реториката и дејствувањето, како и на дијалог.

СЕ апелира да се удвојат напорите за да се избегне понатамошно влошување на ситуацијата и евентуален вооружен судир.

– Апелираме веднаш да се смири реториката и акциите и да се бара дијалог. Дијалогот мора да се заснова на почитување на принципите на Статутот на Советот на Европа и на Европската конвенција за човекови права, што сите земји-членки на Советот на Европа мора да почитуваат, поддржат и имплементираат, се наведува во соопштението на СЕ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Вашингтон пост: Путин сака да ја контролира Украина

Руте повика на нормализација на односите со Русија

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Медиуми: Амбасадорите на ЕУ одобрија продолжување на санкциите против Русија