Советот на Европа мора да преземе водечка улога во надминување на новите предизвици за човековите права, демократијата и владеењето на правото, рече генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ пред Парламентарното собрание на најстарата паневропска организација, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Популизмот, говорот на омраза, дискриминацијата врз малцинствата, нападите врз медиумите и можната злоупотреба на нови технологии како што е вештачката интелигенција се наоѓаат нејзините приоритети, рече таа.
-Како што се менуваат нашите општества и се појавуваат нови предизвици, ние мора да бидеме таму за да ги браниме стандардите во кои веруваме и кои се утврдени во законите, рече меѓу другото Марија Пејчиновиќ Буриќ.