Совет за бегалци: Нема меѓународна солидарност за Сиријци

Од:

Норвешкиот Совет за бегалци соопшти дека значително е намален бројот на бегалци од Сирија во Либан, Турција, Јордан и Ирак. Според наводите овие држави не можат повеќе да се изборат со големиот бран Сиријци, кои бегаат од војната.

Како што стои во соопштението овој октомври се регистрирани 18.500 бегалци, додека истиот месец минатата година биле 150.000.

Според податоците Либан, Турција, Јордан и Ирак од почеток на конфликтот во март 2011 година, заедно примиле повеќе од три милиони бегалци, додека останатите држави во регионот 50.000 лица.

-Ова што се случува е резултат на нашата неспособност да дадеме поддршка на тој регион. Сведоци сме на целосен колапс на меѓународната солидарност кон милиони сириски цивили – рече генралниот секретар на норвешкиот Совет за бегалци, Јан Егеланд.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад