Состанок на министрите за финансии на еврозоната

Од:

Министрите за финансии на еврозоната денеска ќе разговараат за проблемот на слабата економија во еврозоната и зголемената политичка неизвесност, по неубедливите резултати на парламентарните избори во Италија.

Податоците објавени во петокот покажуваат дека невработеноста во еврозоната достигнала рекордно ниво, а побарувачката е задушена.

– На денешниот состанок ќе се води жива дебата за економските перспективи на еврозоната, со посебен фокус на Франција, која би можела да добие уште една година за справување со својот буџетски дефицит, изјави неименуван европски претставник.

Министрите ќе разговараат и за напредокот во докапитализацијата на шпанските банки, како и за критериумите кои ќе се применуваат од идната година кога земјите-членки ќе побараат помош од Европскиот стабилизациски механизам.

Министрите ќе разговараат и за минатонеделниот контроверзен договор за потребното ниво на капиталот на банките и за ограничување на банкарските бонуси. За тоа ќе се разговара утре, на средбата на сите 27 земји-членки на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина