Состанок на европски министри околу безбедносните мерки во возовите и на аеродромите

Од:

Министрите за внатрешни работи и сообраќај од земјите на ЕУ во сабота ќе одржат состанок во Париз за да се договорат за безбедносните мерки по минатонеделниот обид за напад на експресниот воз од Белгија до Франција.

Според францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев на состанокот ќе се разговара за „многу конкретни предлози“, а министрите ќе ги разгледаат и начините за поефикасна системска контрола на аеродромите и јавниот превоз.

За нападот на возот е осомничен Ајуб ел Казани (25) по потекло од Мароко, кој во петокот влезе во воз во Брисел вооружен со автоматска пушка и пиштол, но неговиот напад го спречија патниците.

Би можело да ве интересира

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски