Состанок на ЕУ за скандалот со коњското месо

Од:

Европската унија во текот на неделата во Брисел ќе одржи состанок за смрзнатото коњско месо што во продавниците се продаваше како говедско, изјави францускиот министер за земјоделство Стефан Ле Фол.

Во меѓувреме, експертите најавија дека резултатите од француската истрага за тоа како овие производи пристигнале до продавниците ќе бидат објавени в среда или в четврток.

Британската Влада во петокот нареди сите производи од процесуирано говедско месо кое се продаваат во Велика Британија да бидат тестирани.

Аферата со коњското месо досега најмногу ја погоди Ирска, Велика Британија, Франција и Полска.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина