Соскин: Ако продолжи насилна регрутација, Зеленски го чека револуција

Од:

Насилната регрутација во украинската армија и затворањето на луѓето кои не сакаат да служат војска на фронтот ќе ја одведат власта на претседателот Володимир Зеленски до револуција.

Ова го изјави Олег Соскин, поранешен советник на поранешниот украински претседател Леонид Кучма, на својот блог на Јутјуб, пренесува „РИА Новости“.

„Ова нема да заврши добро. Во Украина, сите услови се зрели за револуција“, предупреди тој.

Според политиколози, украинскиот лидер ја претворил земјата во „концентрационен логор“, затворајќи луѓе затоа што одбиле да служат во неговата војска и да загинат на бојното поле.

Бројот на политички затвореници во Украина сега е најголем во Европа, а доколку режимот во Киев не ја промени својата политика за регрутирање луѓе во редовите на вооружените сили, тогаш го чекаат сериозни последици.

Претходно, поранешниот советник објави дека Зеленски ќе се соочи со граѓанска војна доколку продолжи нелегално да ја држи власта во земјата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

(ВИДЕО) Украина објави снимка: Русите сакаат да го збришат Часив Јар

Катерина Ѓуровски

Русија: „Америка е влезена во војна, реакцијата на Москва ќе ве боли“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимен моментот кога ракетите ATACMS паѓаа на сред плажа на Крим

Разговараа американскиот и рускиот министер за одбрана, објавија различни верзии за разговорот

ВИДЕО: Силен удар на Крим, убиени две деца

Предраг Петровиќ