Дваесет и шестгодишната Хајат Бумедијен, која е осомничeна дека е соработничка на тројцата извршители на нападите во Париз, пред извесно време заминала за Турција, јави ДПА, повикувајќи се на извори во француската полиција.
Според истите извори, Бумедијен, која е опишана како „вооружена и опасна“, уште минатата недела од Франција отпатувала за Турција. Полицијата претпоставува дека од Турција таа планира за замине за Сирија.
Бумедијен била партнерка на Амеди Кулибали, кој во четвртокот уби една полицајка, а вчера изврши напад врз продавница за кошер во Париз, каде уби четири лица и задржа десетина заложници. Тој бил соработник на браќата Саид и Шериф Куаши, кои во средата го извршија нападот врз сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“.